Адвокатите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во жалба поднесена до Aпелацискиот суд бараaт укинување на мерката притвор и враќање на претходно воведените мерки на претпазливост.
Одбраната е незадоволна што решението за притвор било донесено без да се сослушаат нивните и аргументите на Мијалков, посочувајки дека во решението никаде не е утврдено што прекршил обвинетиот за да му биде определен притвор.
Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот наведуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно му била позната на обвинителството, а судот знаел за останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но не претставувале доволна основа за да не останат на сила изречените мерки на претпазливост