Претседателот на грчката опозициска Нова демократија, говорејќи пред политичкиот комитет на партијата, упати обвинувања до грчката Влада дека на нашата земја и дала македонски јазик, македонски идентитет и НАТО пасош, со што Грција го изгубила најсилното дипломатско оружје од изминатите години.
Кирјакос Мицотакис рече дека земјата веќе ги живее негативните завршени работи од Договорот од Преспа, за кои, тие, наврмено предупредиле.
– Денес, секој ден, Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и македонскиот јазик што им беа дадени. Но, веќе го имаат и НАТО пасошот, оној кој господата Ципрас, Каменос и Коѕијас, побрзаа да им го дадат, лишувјќи ја земјата од најважното, најсуштинското, најефективното преговарачко оружје што го имаше. Дипломатското оружје што го искористија сите грчки влади во изминатите три децении. Националната линија од 27 години која беше крунисана од Костас Караманлис во 2008 во Букурешт и беше напуштена во рок од неколку недели – рече Мицотакис.