Мицотакис: Промена на Уставот, предуслов за решение

243
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.

– Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја. И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар, вели Мицотактис и додава дека стратешки стремеж на Грција е влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, но потребно е претходно да се исполнат условите, а како главен, тој ги споменува добрососедските односи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Нова демократија, овие позиции, како во однос на прашањето за името, така и за европската перспектива на Западен Балкан, му ги пренел на бугарскиот премиер на нивната вчерашна средба, во рамките на Самитот на европските народни партии.

Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, разговарале за регионот, но и за прашањето за името.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...