Грчкиот премиер Мицотакис има предлог како да ги разграничи производите кои доаѓаат од земјава и оние кои се од Грција..
Грчките медиуми пишуваат дека Мицотакис предлага разликата да се направи на тој начин што трговските марки од земјава, во светски рамки би биле брендирани со името „Мacedonia“ a за продуктите од грчка Македонија би се користел називот „Мakedonia“.
Тој оваа идеја ја претставил пред претставниците на грчката Асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун. Оттаму велат дека до неа дошол откако на Гугл пребарувал со зборот „Мacedonia“, и дошол до заклучок дека најголем дел од резултатите водат до името на нашата земја.
Идејата наиде на потсмев кај екс премиерот Ципрас.
„Како никогаш не ми текна на ова. Само смени го „С“ со „К“ и решен проблем. А колку пати Кирјакос доаѓаше во владата да разговараме за името и никогаш не ми го кажа овој предлог. Сите паметни предлози си ги чувал само за себе““, напиша Ципрас на Фејсбук.
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU