Мицотакис: Оној што гласа „за“ го отвора патот за наводните македонски идентитет и јазик

663
EPA/SIMELA PANTZARTZI

Тој што денес ќе гласа „за” го отвора патот за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, рече претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор кусо пред гласањето доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, кој во поголемиот дел од говорот се задржа на економијата и на внатрешната политика, му порача на Ципрас „да ги заборави експресните процедури и тајните методологии за да го помине штетниот Договор од Преспа“.

Во однос на заканите до одредени пратеници, лидерот на Нова демократија рече дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење до пратениците, но не со закани и насилство.

– Нова демократија е против секој вид на насилство од каде и да доаѓа – рече Мицотакис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...