Мицотакис: Неопходно е да се бориме да ги ублажиме негативните последици од Договорот од Преспа

136
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Процесот на интеграција во ЕУ како алатка за притисок и поддршка за брендот „Македонија“ се двете точки на кои ќе се фокусира грчката Влада за да ги ублажи негативните последици од Договорот од Преспа, изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис при неговото синоќешно обраќање во Парламентот, кусо пред неговиот владин Кабинет да добие доверба од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од овде од говорницата кажав дека Договорот од Преспа беше лош и штетен договор. Но, од овде предупредив дека штом еднаш се ратификува, не се менува еднострано. Неопходно е да се бориме за да ги ублажиме негативните последици користејќи го како алатка за притисок процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Поддржувајќи ги македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа – рече Мицотакис.

Грчкиот премиер во неговиот говор им се обрати на пратениците велејќи дека во Парламентот се слушнала „критика во врска со Договорот од Преспа и наводна промена на позицијата“ и порача дека треба да се навикнат дека „од сега па натаму ќе има доследност меѓу предизборните говори и постизборните дела“.

Фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...