Мицотакис: Нема да толерираме нелегални влегувања во Грција

55
Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Сакам да бидам јасен: никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност, напиша на „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за обидот бегалци и мигранти од Турција, преку Еврос, да влезат во Грција и додава дека земјата нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од други, јави дописничката на МИА од Атина.

„Значителен број мигранти и бегалци во големи групи се собраа на грчко – турската копнена граница и се обидоа, нелегално, да влезат во земјата. Сакам да бидам јасен: никакви илегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност. Грција не сноси никаква одговорност за трагичните настани во Сирија и нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од другите. За ситуацијата ја информирав Европската Унија“, напиша Мицотакис

Граничниот премин кај Еврос, од претпладнево е затворен, а според турските и грчките медиуми, од страна на Турција насобрани се мигранти и бегалци со намера да влезат во Грција.

Photo: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...