Мицотакис му рекол на Заев дека тој немало да го потпише Договорот од Преспа, ама ќе го почитува

3060

На средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис што се одржа денеска во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, е изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отварање преговори со Европската унија и потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Според грчките медиуми, Мицотакис му рекол на Заев дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата е дел од меѓународното право и Грција треба да го почитува.

На средбата присуствува шефовите на двете дипломатии, Никола Димитров и Никос Дендиас, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот под премиерот на Грција и владин портпарол, Стелиос Пецас како и советничката на грчкиот премиер за надворешна политика Александра Пападопулу.

На почетокот од средбата, како што јави дописничката на МИА од Атина пренесувајќи објави на грчките медиуми, премиерот Заев на неговиот грчки колега му честитал за победата на изборите, а Мицотакис му се заблагодарил и му објаснил дека Грција ќе следи нов тек на раст.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...