Мицотакис го порази Ципрас, Златна зора вон Парламентот

Со пребројани 81,9 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е прва со 39, 72%, односно 8,13% повеќе од СИРИЗА, додека пак изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора, барем засега, не успева да ја достигне потребната граница од 3% за влез во Парламентот.

1046

Централно десничарската партија Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција и освои доволен број на гласови и 158 пратеници за да формира еднопартиска влада.

Предвремените парламентарни избори во Грција поминаа со помала излезност во споредба со европските избори на 26 мај годинава. Сепак разликата е многу мала и изнесува помалку од еден отсто.

Со пребројани 81,9 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е прва со 39, 72%, односно 8,13% повеќе од СИРИЗА, додека пак изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора, барем засега, не успева да ја достигне потребната граница од 3% за влез во Парламентот.

Поконкретно:

Нова демократија 39,72% – 158 пратенички места

СИРИЗА 31,59% – 86 пратенички места

Движење на промена 7,90% – 22 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 5,37% – 15 пратенички места

Грчко решение 3,74 % – 10 пратенички места

МЕРА25 3,49% – 9 пратенички места

Златна зора 2,96% – 0 пратенички места

Утре во 13 часот по локално време, како што соопштуваат од претседателската палата, Кирјакос Мицотакис ќе положи свечена заклетва, откако претходно, од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе го добие мандатот за формирање влада.

Веднаш потоа, веројатно ќе замине за премиерската палата, каде што ќе биде и примопредавањето на функцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...