Мицкоски: СЈО е најголем срам за Македонија, народот гладува, а тие си делеле илјадници евра ВИДЕО

574

Се сеќавам на изборите во 2016 година, кога ветуваа правда, па велеа ќе немало правда немало мир и така натаму, а денеска практично сме сведоци на една од најголемите коруптивни афери во поновата историја на Македонија, а тоа е аферата која што јавноста ја нарече „кеш“, им рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на граѓаните во кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во Центар.

– Гледате како едно цело обвинителство, почнувајќи од првиот па до последниот, практично од првиот ден па се до ден денеска бил мал корумпиран вилает на Зоран Заев со ваши пари со пари на граѓаните. Гледате како кога народот практично има леб и сол кога неправда владее на улиците, кога луѓе се затвараат се уценуваат и притискаат како резултат на политички прогон. Вие гледате како оние заштитници на ликот и делото на Зоран Заев инсталирани во институцијата Специјално јавно обвинителство, бесрамно ги крчмат парите на граѓаните. И потоа ќе немало правда и ќе немало мир. Како да има правда како да има мир кога вие имате обвинители кои што месечно, си делеле повеќе од 5.000 евра – вели Мицкоски.

Во продолжение дел од говорот на Мицкоски пред граѓаните на Центар:

– Вие имате специјален јавен обвинител кој што треба да биде симбол за правдата, кој што треба да биде борец за правдата и практично сето она кое што го велеа во минатото, а тоа е дека постоела неправда дека тие ќе ја донеселе правдината, си исплатила самата на себеси хонорари во вредност од 150 илјади евра. Ни помалку ни повеќе точно 153. 000 евра си исплатила хонорари надвор од платата која што не е морам да признаам ни малку скромна, ни малку мала, туку напротив е исклучително висока споредбено со условите во кои што живее денеска просечниот граѓанин во Република Македонија.

Имате обвинители кои што наместо да се борат за правдата си делеле хонорари месечни по основ на тајност од десетици илјади евра, па вториот на листат ќе го видете со 123. 000 евра, третиот на листата ќе го видете со 118. 000 евра и се така до последниот кој што земал скромни 76. 000 евра. Додека народот гладува додека народот мака мачи како да скрати од први до први, додека младите ни се иселуваат додека луѓето заедно со нивните семејства ги полнат куферите и ја напуштаат трајно Македонија. Додека тоа се случува преку телото кое што денеска претставува симбол за корупцијата тоа е специјалното јавно обвинителство, Зоран Заев ги трошел вашите пари.

СДСМ и владата ги трошеле вашите пари, парите на граѓаните, од институцијата која што требаше да биде симбол, денеска се претвори во институција која што е најголемиот срам на македонското општество. И затоа ние денеска наместо да зборуваме за успеси, наместо да зборуваме за правда, за почитување на законите и функционален систем, ние денеска зборуваме за аферата кеш. Аферата „кеш“ која што не смее да биде заборавена, ниту да биде одмината аферата кеш која што денеска ни е главна вест на медиумите во Македонија. Наместо ние да зборуваме која афера криминална е разрешена, ние денеска зборуваме во колкав криминал се заглавени тие кои што треба да разрешуваат криминални афери, и сето тоа силно спонзорирано и сето тоа силно поддржано од Зоран Заев.

Се сеќавате кога преговаравме за Законот за јавното обвинителство кога Зоран Заев велеше дека стои целосно позади интегритетот и кредибилитетот на Катица Јанева и дека Јанева е неговата црвена линија. И затоа денеска секој треба да ја погледа сликата на Катица Јанева  со качулката на глава. Тоа е сликата на сите овие слуги  кои што денеска му слугуваат на Зоран Заев. Таа слика го чека Зоран Заев на крајот за да се спаси себеси и малкумината околу него обожаватели е подготвен сите нив  сите слуги од прв до последен да ги наметне во една таква качулка и тоа треба да биде примерот кој што не треба да го следат. Имаме време 12 април е за неколку месеци одсега немојте и вие да продолжите да му слугувате на Зоран Заев затоа што крајот е таков каков што го имаше Катица Јанева со качулката на глава и со лисиците на раце. Затоа што нема друга алтернатива. Предложивме на преговорите за новиот законик една нова измена  која што ќе биде согласно европската пракса, измена која што ќе воспостави нови принципи на политичката сцена во Македонија – порача Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...