Мицкоски: 11 Октомври е пример за македонскиот непокор, да го почитуваме и чуваме тој аманет

88

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври, вели во честитката Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренаа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа.

Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка.

Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија.

И да не заборавиме 11 Октомври е пример за македонскиот непокор. Аманетот кои овие херои ни го оставија мора да го почитуваме и чуваме, продолжувајќи ја нивната мисла и дело. Честит 11 Октомври – се вели во честитката од  Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...