Јас сум против промена на името, не затоа што сум против ЕУ, туку затоа што си ја сакам Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на демонстрантите пред Собранието.
Според него, Договорот за името е штетен и порача дека како партија ќе сторат сѐ што е во нивна моќ, Преспанскиот договор да не се случи.
– Потребно е масовно обидување, да си подадеме рака меѓусебе, љубовта кон татковината е поголема од сите разлики, сакаат да не разделат за да полесно им минува предавството, само заедно ќе победиме. Ние со Заев на чело сме сѐ подалеку од ЕУ. Власта дезинформира дека еден е изборот ако сакаме напредок, а всушност изборот е меѓу кариерата на Заев или победата на Македонија. Ние ја одбираме победата на Македонија – рече Мицкоски.