Мицкоски ќе се изјасни за референдумот откако ќе го види прашањето

312

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека партијата ќе чека да види дали ќе има референдум, кое ќе биде референдуското прашање и кои ќе бидат чекорите на власта, а потоа ќе реши дали ќе учествува на референдумот.

На гостувањето во емисија на телевизија „Телма“, Мицкоски рече дека сѐ уште не е јасно дали ќе има референдум бидејќи Законот за избор на Државната изборна комисија истекол на 29 јуни, а ДИК е потребна за да се одржи референдумот.

– Јас не знам како премиерот Заев планира да го распише тој референдум кога за тоа е потребно најпрвин да имаме формирано ДИК – рече Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека договорот за името е спротивен на државните и националните интереси на Македонија.

Мицкоски рече дека кога ќе го консолидира ставот во партијата, ќе каже како тие би го решиле прашањето со името, односно тоа ќе го каже кога ќе дојдат на власт, но додаде дека можело да се најде многу подобро решение од сегашното.

Прашан за непотпишувањето на Договорот од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Мицкоски со став дека тој е последниот браник на заштитата на Уставот и оти постапува како секој којшто си ја сака државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...