И покрај сите злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и поготово полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател, порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– После 5 недели кампања, меѓу првиот и вториот круг, по поминати повеќе од 13.000 километри низ Македонија, можам да заклучам дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака, позади гласачката кутија. Дали се ЗА ова секојдневие кое што денеска за жал е власт во Република Македонија предводена од Зоран Заев. Или, пак сето она што ние изминативе 5 недели, изминатиот период исто така го зборуваме, а тоа е правдата која што треба да ја победи целокупната неправда која што денеска се случува во Република Македонија – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека денеска е свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности.
– Очигледно дека карактерот на властодршците на Зоран Заев не мируваат и сакаат на насилен пат да се избере претседател на Република Македонија – рече Мицкоски.