Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Бутел ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата и рече дека на 5-ти мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи.
– Во Бутел победуваме. Народот е на нозе и огромното мнозинство се спротивставува на оваа деспотска власт. Ни треба милиметар повеќе за победа на деспотот, за победа на правдата и ставање крај на сите неправди. Губат, губат на анлетите губат кај народот, и многу брзо ќе се соочат со законот и сите неправди кои стојат зад нивната работа. А во Македониjа ќе имаме триумф на правдата за која се избори народот – посочи Мицкоски.
Очекувам додаде тој, дека на 5-ти мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи.
– Но, за да дојдеме до таа убедлива победа потребен е уште еден дополнителен чекор бидејќи милиметри ни недостасуваат да триумфот биде комплетен, да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, да победиме на тие предремени парламентарни избори, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел и даја вратиме онаму кадешто и е местото – потенцираше претседателот Мицкоски.
Тој од Бутел рече дека ќе биде тешко за претседателските избори бидејќи изминатиот период граѓаните беа изложени на закани, уцени, злоупотреби.
– Но, мора да издржиме , мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена, овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера – порача Мицкоски.