Лидерска средба Заев-Мицкоски в недела

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за СЈО посочи дека не само што не ги оправдало очекувањата, туку целосно ги разочарало, и оти за него поважно било тоа што „проектот Катица Јанева и нејзината дружина, со исклучок на неколкумина, е комплетно завршена приказна“. 

278

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство.

Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија – изјави Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Според Мицкоски, фер избори се задолжителни и предуслов дали Македонија е општество кое треба да биде дел од ЕУ. Притоа упати забелешка дека власта ги нарушува условите за фер избори преку нови вработувања, трансфери на пари и потпишување договори за закуп на земјоделско земјиште  во предизборниот период.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за СЈО посочи дека не само што не ги оправдало очекувањата, туку целосно ги разочарало, и оти за него поважно било тоа што „проектот Катица Јанева и нејзината дружина, со исклучок на неколкумина, е комплетно завршена приказна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...