Мицкоски: Членството во НАТО не е волшебното стапче

1060

Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано.
Она што преставува реален проблем е билатералниот спор за името со Грција. И овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било кој посериозен политички субјект. Но она по што се разликуваме е начинот на кој тој се решава и цената што Македонија ја плаќа за тоа, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијам Мицкоски на Фејсбук.

– Зоран Заев со овој договор прави неповратна штета за државата, атакувајќи врз достоинството и идентитетот на нашиот народ.
Но воедно сакам да обрнам внимание и на една значајна заблуда која власта ја потхранува и шири, а таа е дека сето ова ќе ни донесе подобар живот.
Подобриот живот е работа исклучиво на работа, труд, програма и постојаност каква владата до сега не покажа. А нема ниту да покаже бидејќи во изминатата една година докажа дека не умеат да работат и да го направат животот подобар.
Не може да очекувате европски стандарди, а фирмите на власта да се оние кои редовно добиваат државни тендери, не може да очекувате дека ќе добиете датум за преговори, а државата е прогласена за најкорумпирана во Европа. Членството во овие организации е работа на мерит систем, односно се вреднува сработеното, а не она што е продадено или поклонето.
Членството во НАТО не е волшебното стапче што ќе ја крене просечната плата која сеуште е далеку под ветените 500 евра плата. Тоа нема да направи да се крене економијата од досега најниските 0.1 осто, ниту да го реши проблемот со корупцијата и криминалот кој извира од власта.
Исклучиво сето ова може да се подобри само преку работа и посветеност.
И во периодот што следи ќе видиме разно разни дебати на други теми освен оние кои се суштински важни за граѓаните, борба на економски идеи и размисли, гледиште за реалните проблеми.
Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција, и договорот за двојазичност без потпис од Претседателот, што предупредувам преставува ново кривично дело, чија одговорност брзо не застарува, и ќе дојде ден доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената.
Нашата држава преживеала многу лаги и изневерени очекувања, ќе ги надмине и овие Заевизми, но проблемот е што додека ние како општество тонеме, целиот регион оди напред, и испуштаме драгоцено време.
Подобриот живот се мери преку квалитетот на живот, а тој е со секој изминат час се полош и понизок. Затоа се потребни промени, пишува Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...