Мицкоски тврди дека пресудата за 27 април е донесена без поротници

294

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на ТВ 24 вести изјави дека политичка трговија ниту била, ниту ќе биде на дневен ред за Специјалното јавно обвинителство.

Според него, власта треба да прифати сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство за да покаже дека има волја од нивна страна.

Мицкоски повика дека треба само да се почитува правото и правдата.

– Знаете дека дел од поротниците во процесот за 27-ми април си дадоа оставки зошто не се сложија со тоа како е воден процесот и дека пресудата е донесена без тие да бидат консултирани. Не сакале само да се согласуваат оти била донесена пресудата, а тие требале да дигнат само два прста – изјави Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...