Власта едно говореше пред изборите и сосема друго после изборите, напиша Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил по денешната панел дискусија на УМС која го одбележа Светскиот ден на студентите
„Денес за жал нашата земја го живее можеби најцрното време. Студентите ја губат слободата, и некој ќе праша како е тоа можно, можно е кога тие имаат празен стомак, стипендии кои доцнат и не се зголемуваат, услови за сместување кои не се подобруваат, наставна програма која не се реформира, стандарди кои го пробиваат дното, глас на млади кој не се слуша. Имаме универзитети кои се надвор од првите илјада во Светот, млади луѓе кои откако со успех ќе ги завршат студиите одат во Агенцијата за вработување и чекаат работа, и тогаш им се упропастуваат сите сонови, целата надеж поради која решиле да се борат во животот, да учат, напредуваат, се се срушува, тоа е црнилото на загубената генерација“, напиша Мицкоски.
Тој на дискусијата со младите го посочил иселувањето на младите од Македонија како еден од најголемите проблеми на државата, а вината за тоа ја пронајде кај неспособноста на власта.
– Студентите се движечката сила на едно општество, моторот на промените, иновативноста, цутот на секое општество. Најдобар синоним за младиот човек е слободата, кога ја има, тогаш тие поместуваат граници, создаваат и креираат критериуми, вредности, а кога ја нема, тие се искрата од која почнуваат промените. Денес за жал нашата земја го живее можеби најцрното време. Студентите ја губат слободата, и некој ќе праша како е тоа можно, можно е кога тие имаат празен стомак, стипендии кои доцнат и не се зголемуваат, услови за сместување кои не се подобруваат, наставна програма која не се реформира, стандарди кои го пробиваат дното, глас на млади кој не се слуша – вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ниту еден универзитет во Македонија не се наоѓа на Шангајската листа на најдобрите илјада универзитети во Македонија, а студентите кога ќе завршат со своите студии не можат да најдат работа. Токму поради ова Мицкоски посочи дека е потребно целосно преобразување и ново поглавје во односот кон студентите и младите.