Мицкоски: Стабилност, напредок, правда…во Новата година (ВИДЕО)

85

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во новогодишно обраќање посакува во годината што следи да има стабилност, напредок, правда и добар стандард за граѓаните.

– Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.

Годината што изминува, Мицковски ја оценува како година на неправди, лаги и корупција, а во следната очекува промени кон подобро, економски бум и влегување на Европа во Македонија во, како што вели, во вистинска смисла на зборот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...