Мицкоски: Со Заев ќе имаме и телефонски консултации за кадрите во техничката влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата рече дека предлогот за прв човек во МВР е ново име во политиката, врвен професионалец, со исклучително богата кариера.

736

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев изјави дека разговарале три теми, меѓу кои и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, и оти неговото име ќе биде соопштено подоцна.

– Во првото прашање разговаравме за името, му го презентираме, ја презентиравме биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации што тој треба да ги изврши, јас не би го споменувал се уште нашиот предлог, договоривме за од прилика час – час и половина од сега да се слушнеме телефонски за конечна потврда. Но, вака на прва немаше никакви забелешки, ниту пак имаше некакви дополнителни коментари – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека станува збор за човек нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава.

Мицкоски додаде дека со Заев разговарале и за имињата на останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ што ќе бидат дел од техничката влада, како и за темата која ја отворил Заев, а тоа, како што рече Мицкоски, е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните што во Собранието се поврзани со тоа прашање.

– Поврзано со второто прашање, а тоа е останатите предлози како што техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите земјоделие, финансии и администрација. Од прилика слушнавме од страна на премиерот во заминување Заев за профилот на личностите кои очекува техничкиот премиер да ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација, а дури потоа откако ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста – истакна Мицкоски.

Мицкоски, во врска со темата за промена на изборниот модел, рече дека како ВМРО-ДПМНЕ изразиле подготвеност веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои да бидат тогаш, да седнат и разговораат за промена на изборниот модел и примена на т.н. отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори, посебно за листите на советници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...