Мицкоски: Со Заев зборот не важи, туку зборот лажи

275

Повлекувањето на предлогот Зоран Заев покрај премиер, лидер на СДСМ да биде и министер за финансии не е затоа што е премногу чесен туку зошто законот е таков, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски.

– Но ова е и добра прилика да излезат на површина уште еднаш како многупати претходно неговите лукративни и криминални амбиции директно да управува со финансиите и под своја контрола да има уште десетина други институции. Да не беше трагично сигурно ќе беше смешно. Се покажа дека со Заев зборот не важи, туку зборот лажи, напиша Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...