Мицкоски: Со Ахмети имав успешна средба, му го кажав предлогот за прв човек во МВР

956

Средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, која доцна попладнево се одржа во Собранието, заврши без јавноста да го дознае името на министерот за внатрешни работи во техничката влада, кој се избира по предлог на опозицијата.

Мицкоски изјави дека со Ахмети имал успешна средба и му го презентирал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи.

– Имав кратка, но успешна средба со Ахмети каде разговараме за кадровското решение за МВР, односно за профилот на личноста која ние ја предлагаме. Очекувам дека ќе имаме исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после средбата ќе го откриеме името на министерот. Станува збор за професионално решение – рече Мицкоски.

По оваа среба, Мицкоски замина на средба со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, која ќе се одржи во Владата. Тој рече дека со Заев би разговарал и за Изборниот законик, бидејќи прифаќал разговор на секоја тема што е во интерес на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...