Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Белата палата побара распуштање на Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори кои би се оддржале заедно со претседателските. Ова првиот опозиционер го кажа по донесувањето на уставните измени.
– ВМРО ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските. На изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Почитувани граѓани вие давате и вие земате власт, затоа избори се потребни на кои Заев ќе падне а народот ќе победи – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не кажа како ќе дејствуваат односно дали ќе ја бојкотираат работата на Собранието. Тој повтори дека се за избори, за народот да му кажел на Заев, за се што му сторил на народот изминативе две години.
Мицкоски повтори дека ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на Уставното име на Република Македониј, промената на идентитетот културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската програма и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8-ми септември 1991 и 30 септември 2018-та година.
– Второ ВМРО ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, проментата на идентитетот, културата, образованието и историјата се направи на нелигитимен, насилен начин, по пат на притисоци, закани и пазарења. Ова е одлука на 81-пратеник, а не одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и претсавуваат чин на предавство. Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз Македонската држава, македонските граѓани, минатите сегашните и идните генерации. ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе стори оваа неправда да биде исправена. Денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ на Зоран Заев, останат на власт Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња. И во политиката и во економијата и во општеството секаде – рече Мицкоски.