Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.
„Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење. Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии. Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанез Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели“, се вели во партиското соопштение.