Мицкоски: Се борам да бидам премиер на Репубика Македонија

1123

Јас се борам  да бидам премиер на Република Македонија, онаа во која е роден мојот татко, во која се родија моите деца и во која ќе продолжам да ја градам нашата заедничка иднина.И ова е мое право исто како што е право на секој еден граѓанин. И ВМРО-ДПМНЕ за тоа се бори. Не заборавајте дека оној кој прифатил и го брани тоа да нема повеќе македонско новинарство или македонски медиуми, да нема МАНУ туку академија на науките на Северна Македонија или фудбалска репрезентација на Северна Македонија,  има име и презиме и се вика Зоран Заев, тоа треба да е јасно на секој еден граѓанин. Некако преку инсталациите и механизмите на власта целата таа негативна енергија што постои кај обичниот човек сака да се префрли на ВМРО-ДПМНЕ само за да избегаат од одговорноста, но тоа така не оди и нема да успее. Тоа нема да го направи помалку неуспешен Зоран Заев, ниту владата, вели меѓудругото претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето „Дали би сакале да бидете премиер на „Република Северна Македонија“ каде што зборот македонско новинарство, или македонски медиуми не ќе смее да се употребува?“ ви интервју за Магазин.мк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...