Македонија е името кое го менуваат оние внатре во Собранието. Тие кои одат спроти волјата на народот јасно изразена на 30 септември, а не знаат дека име со копче не се брише име со партија не се менува. Тоа е она што сме, она што сме биле и она што ќе останеме. Нека не забораваат секој кој тргнал против народот свој, народ ќе му се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Собранието.
– Могумина од вас се чувствуваат луто, понижено и измамено. Срцето се кине кога се витка кичмата, кичмата на татковината. Но тоа им е целта. Затоа главите горе. Достоинството никогаш не може да биде земено од тие кои немаат ни трошка достоинство – рече Мицкоски.
Тој додадае дека сите собрани пред Собранието имаат иста цел, а тоа е Македонија. Според него само обединети може да победат и ги повика сите и христијани и муслимани да се обединат. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ова е почеток на крајот на владеењето на Заев.
– Се колнеше Заев, во најмилото се колнеше дека Уставот нема да го смени. Што прави го менува Уставот. Во што се колнеше? Овие се измамници и така опстојуваат на власт – рече Мицкоски.