Мицкоски: СДСМ сака да ги украде претседателските избори, но ние ќе ги победиме

1091

Сакаат да ги украдат претседателските избори, но ние ќе ги победиме и на нив, и на дополнителните локални избори во Охрид и Ново Село, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и ја објасни иницијативата на партијата за распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори на телевизско гостување на МРТВ вечерва на кое новинари му поставуваат прашања на опозицискиот лидер.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателски избори доколку СДСМ не излезе на предвремени парламентарни избори, Мицкоски вели:

– Доколку одлучат да се затскријат, доколку одлучат пред јавноста да прикажат дека немаат чесни намери и дека повторно сакаат со нефер избори, да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во наша моќ тоа да не се случи. Силно сме мотивирани и мобилизирани да учествуваме на претседателските избори, на кои ќе победиме. Ќе победиме во Охрид, во Ново Село, а со тоа силно ќе ја подотвориме вратата за предвремени парламентаарни избори, кои би се одржале наесен – рече Мицкоски.

За да ѝ биде на јавноста појасно, додаде лидерот на опозицијата, согласно законот за Влада кога ќе има предвремени парламентарни избори или редовни парламентарни избори, тогаш техничката влада е обврзувачка.

– Што значи дека делот од министерските решенија во таа техничка влада ќе биде во надлежност на опозицијата и дел на заменик министерските места ќе бидат на номинација на опозицијата. СДСМ и оваа влада не се подготвени да имаат реален одраз на силите, односно слободно фер гласање. Еклантантен пример имаме на референдумското изјаснување каде што се проби законот на физиката, имаше надчовечко гласање од 2.4 секунди глас во одредени избирачки места – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...