Мицкоски: Русковска ми се јави за уцената од Катица Јанева, за друго не сме разговарале

657

Сега ми е јасно зошто Зоран Заев толку многу се препелкаше и се обидуваше практично да најде веднаш замена за Катица Јанева. И тоа да биде Вилма Русковска. Зошто ова го велам? Вчера госпоѓата Русковска на емисијата во обид да ја одбрани власта, во обид да скандализира нешто каде што нема простор за скандализирање, изнесе груба невистин, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашните изјави на обвинителката.

Таа вчера во емисијата „Отворено“ на ТВ24 изјави дека му се јавила на Мицкоски уште пред тој да излезе и да мавта со документи за „Рекет“, а тој и кажал дека не изјавил дека има сознанија за други случаи, а за случаи за барање пари од бизнисмени рекол дека ќе размисли.

По ова Мицкоски денеска излезе со своја верзија.

– На 26-ти јули госпоѓата Вилма Русковска ми испрати смс порака во која што замоли да се слушнеме. Јас откако ја добив смс пораката и се јавив. Ме замоли да се видиме. Јас ја поканив во седиштето да дојде. Таа рече „не е пристојно да дојдам во седиштето“. „Добро“ викам, „каде на кое друго место и што би била темата?“. Таа ми одговори дека темата би била уште еднаш да разговараме околу актуелната ситуација, но и моја изјава во врска со уцената која што специјалната обвинителка Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој што јас претходно ја информирав јавноста. Русковска ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин. Јас и реков во деновите кои што следат, јас не можам поради густиот распоред. Потоа таа рече „јас ќе одам на годишен одмор“ и се договоривме да по завршувањето на годишниот одмор да се слушнеме и да го одржиме тој состанок. На 15-ти август кога се вратив од годишниот одмор, испратив смс порака и реков дека сум во Скопје и дека стојам на располагање. На што добив повторно одговор преку смс порака дека ќе ме побара – раскажа Мицкоски посочувајќи дека прес-конференцијата на која тој зборува за документи од свиркачи за „Рекет“ била дури на 11 септември.

Мицкоски рече дека евчудоневиден и разочаран поради навистина лошата состојба во правосудството и тесната врска помеѓу власта, обвинителството и судството.

Тој ја прозва Русковска и во врска со нејзината изјава дека не верува оти тој ќе соработува.

– Чудно е како може да прејудицира обвинител кој треба да биде странка и да ги заштитува интересите на правдата и законите. Не е таа тука судија кој ќе суди дали јас ќе соработувам или нема да бидам подготвен да соработувам. Нашиот разговор беше поврзан само за една тема, а тоа беше уцената која ја добив од Катица Јанева и која беше поврзана со случајот за замрзнување на имотот на партијата. За други случаи воопшто не разговаравме. Ако бидам повикан, ќе се одзвам на таа покана – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...