Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва откри што побарал од премиерот Зоран Заев на лидерската средба.
Тој побарал да се формира комисија од политички партии која ќе направи ревизија за тоа како се потрошени 20 милиони евра за работата на СЈО, а според него, резултатите се катастрофални.
Мицкоски наведе дека имал индиции дека близок роднина на Катица Јанева, кој е дел од менаџментот на една телевизија ја користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори. За притворот на Чавков тој направи споредба со Нирнбершкиот судски процес.
Видео: ТВ24