Мицкоски-Рикер: Членството во НАТО и ЕУ е клучен фактор за стабилен регион

256

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, се наведува во партиското соопштение.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.

Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.

Мицкоски ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе за остварување на тие цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...