Во првиот дел од денот разговаравме за ДИК, за техничката влада и за Законот за финансирање на политичките партии. Во вториот дел ги отворивме двете прашања за реферемдумот, за карактерот и за текстот. Зборувавме и за деталите. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ по лидерската средба посочувајќи дека парламентарното мнозинство е тоа кое треба да го распише референдумот.
-За референдумот тој рече дека се согласиле околу тоа дека успешен референдум е тој на кој излегле 50 птсто плус еден гласач, а од тие што излегле ЗА се изјасниле 50 отсто плус 1.
Мицкоски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека прашањето треба да биде еднозначно, а не двострано во кое ќе биде вметнат и Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО.
Според неговата изјава, референдумското прашање треба да биде само во насока дали сте за договорот со Грција. Тој не сакаше да одговори на новинарските прашања дали ќе го бојкотира референдумот ако прашањето е како што најави Заев – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддржуување на Договорот со Грција?
Како што рече Мицкоски, не одговара на хипотетички прашања.