Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е против тоа хируршкиот зафат за промена на полот да го покрива Фондот за здравствено осигурување, новина што ја најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка. Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните“, пишува Мицкоски.