Ќе останеме овде се додека не ги видиме натрапниците како ја напуштаат зградата на Владата, порача Христијан Мицкоски, од протестот што вечерва се одржува во Скопје.
– Кога влегуваа внатре се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа дури и во најмилото дека нема да чепкаат онаму каде најмногу боли. Не само што чепнаа, туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме – истакна Мицкоски.
Toj порача дека борбата штотуку започнала и дека нема да запре додека не ја поразат власта.
– Првата победа ќе биде на претседателските избори. Во април доаѓа големата победа, која ќе најави предвремени парламентарни избори кога народот ќе дојде и ќе им каже „излажавте еднаш, ви помина, два пати не измамивте, но третиот пат дојдовме по своето, а секој еден од вас ќе ја добие заслужената казна“. Народот на следните избори ќе ви покаже дали наместените анкети се вистинската слика во Македонија. И покрај тоа што ги местите анкетите, пак водиме – вели Мицкоски.