Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју на МРТ на прашањето дали е подготвен да биде премиер на Република Северна Македонија, одговори дека е подготвен да биде премиер на Република Македонија, но не откри што ќе се случи со Договорот од Преспа кога би дошол на власт.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ нема да ветува работи кои што нема да ги исполни , но напомена дека се обврзува и може да вети дека кога партијата ќе ја добие довербата од граѓаните, ќе стори се што е во нејзина моќ овој процес да го измени.
– Ципрас јасно и гласно кажа дека признаваме нација, признаваме државјанство. Само прочитајте ја дипломатскта нота во која Димитров објаснува дека nationality подразбира државјаство, а не нација. Ова значи дека самите се откажуваме од нацијата, вели ова не е нација, тука е државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата и ќе се стори се овој процес да го измени, да ја добиеме довербата и ќе видите – вели Мицкоски.