Мицкоски: Победата на Силјановска ја отвора вратата за предвремени избори

189

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициска и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со коалициските партнери.

– Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот, којшто како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери. А, на тој начин да се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои што јас сум цврсто убеден, а и ние како Коалиција „За подобра Македонија“ дека ќе го поразиме и трајно ќе го испратиме на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека по ова ќе ја формираат новата влада и ќе отпочне нова ера за достоинствена, економски преродена, технолошки тигар на Балканот, достоинствена и горда Република Македонија.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...