Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговите очекувања се во среда да се распушти Собранието.
– Во среда очекувам да биде распуштено македонското Собрание. Како што се договоривме на оној состанок кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното – истакна Мицкоски.