Мицкоски од протестот вo Битола: Заев да падне, за да се издигне Македонија

Мицкоски порача дека нема да поддржи промена на Устав. акако што рече, ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата.

1505

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од говорницата на протестот организиран во Битола по повод поттпишувањето на Договорот за името оцени дека тоа што се случи денеска  е срамна капитулација на државата.

-Едно е јасно рече Мицкоски, Заев мора да падне за да може да се издигне Македонија – рече Мицкоски.

Тој рече и дека „го слуша гласот на народот, а тие викаат поведете ме“.

– Ние ќе бидеме глас на огромното мнозинство граѓани кои викаат „Доста е“, „Премногу е“. И ние таа задача ја прифаќаме сериозно и со цел памет. Беспарицата, невработеноста, лошите здравствени политики, луѓе кои масовно ја напуштаат земјата. Тоа го гледаме од сегашните лоши политики. Се соочуваме со предавство и капитулација, а тоа е договорот за промена на нашето вековно име. Додека тој седи насмеан и задоволен и го тапкаат по рамо дека завршил голема работа и ужива во тие пет минути слава, историјата ќе суди. Ние во еден глас да му порачаме „Македонија“. Тоа е нашето име браќа и сестри. Име што се изговара со внимание и силна енергија. Нашето име е големо. Тоа е она што бевме, тоа е она што сме и тоа што ќе бидеме. Горди Македонци. Македонија останува нашата иднина – истакна Мицкоски.

Мицкоски порача дека нема да поддржи промена на Устав. акако што рече, ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...