Власта се обидува да и се одмазди на опозициската партија со најавениот план Б за законот за Јавното обвинителство со кој треба се реши статусот на СЈО. Тој денеска го повтори ставот на партијата и побара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска, порача денеска од Берово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој изјави:
– Таа со нејзината вчерашна прес конференција наместо да ја искористи приликата и да им се извини на граѓаните на Македонија поради непријатните моменти како прегрнување и непосредности со Боки Тредичи, за да даде оставка. Таа напротив повикува и на омраза и на освета кон опозицијата неводејќи сметка да направи реформи во судството во обвинителството. Нејзината цел е да најде начин да се пресмета со опозицијата – рече Мицкоски.
Дескоска, по завршувањето на собраниската седница, вчера најави дека власта размислува за план Б, доколку не се обезбеди потребното двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа посочи дека со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, може да се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство.