Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособна влада, доаѓа влада реформска, доаѓа обнова за Македонија која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува Колективниот договор. Ова што денеска оваа влада кое им го оневозожува на вработените во образованиот сектор, во основното и средното образование за среќа нивна е во заминување. Доаѓа Влада која што ова ќе им го овозможи, рече Христијан Мицкоски денеска на прес конференција.
– Изминативе три години и покрај неуспехот на планот на реформите покрај неиспораката на она кое што беше ветено пред граѓаните за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, општеството исполнето со примитивизам, декаденција истовремено и со големи лаги продолжува, а ние како ВМРО ДПМНЕ продолжуваме со рецензија за истото. Денеска на дневен ред ќе биде делот во образованието а на крајот од денешната прес-конференција ќе се осврнам и на уште една лага која што е актуелна деновиве а тоа е таканареченото зголемување на платите за професорите, наставниците во основното и во средното образование – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.