Мицкоски: Не сум разговарал со Вучиќ и со Орбан за бегството на Груевски

508

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за 1 ТВ вечерва вели дека неговите неодамнешни патувања во странство биле од приватни причини и на ниеден начин не се поврзани со бегството на Никола Груевски во Унгарија.

-За тоа можеби треба да побарате одговор во друга институција која е надлежна за безбедноста во државата и во еден друг ресор. Претпоставувам дека најкомпетентен да ви одговори на прашањето е премиерот или уште повеќе министерот за внатрешни работи – вели Мицкоски.

Како што објаснува, за време на посетата на Србија од приватни причини, српскиот претседател Вучиќ бил во Казахстан, но разговарал со унгарскиот премиер Орбан неколку недели претходно, но тоа не било поврзано со, како што рече, скандалозното бегство на Груевски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...