Далеку сме од блескање. Тоа најдобро го знаат тие кои ја напуштаат Македонија, кога ќе слушнам дека пет од десет студенти кога ќе ми речат „професоре, заминуваме“ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на гостувањето на телевизијата Клан.
Тој говореше за актуелната состојба во земјава.
– Не само што не блескаме како држава, туку сме големо разочарување, ние политичарите. Појдете било каде и секој Македонец, Албанец, Турчин, сите, без исклучок, ќе речат еве го овој сака да дојде на власт и да краде. Но, ако кажете дека сте професор – ќе сакаат да ве слушнат, рече Мицкоски.
Тој укажа дека граѓаните не се далеку од вистината.
– Граѓаните не се далеку од тоа, таква прецепција е создадена. Затоа јас сакам да бидам само различен и реален и ништо повеќе, посочи Мицкоски.