Доколку Централниот комитет одлучи дека јас треба да сносам одговорност или не треба да сносам одговорност, бидејќи ќе победиме, тогаш тоа е тоа, но јас воопшто не размислувам на таа варијанта, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во интервју на ТВ 24.
– После првиот круг од претседателските избори, вчера имав состанок на Централниот комитет разговаравме околу актуелната политичка ситуација, ќе имаме претпоставувам Централен комитет и после вториот круг. Секој ќе си поднесе извештај од сработеното. Доколку Централниот комитет одлучи дека јас треба да сносам одговорност или не треба да сносам одговорност, бидејќи ќе победиме, тогаш тоа е тоа, но јас воопшто не размислувам на таа варијанта – рече Мицкоски.
Тој додаде дека за него единствена опција е победа на професорката Гордана Силјановска, „не заради ВМРО и Христијан Мицкоски“, како што рече, туку поради Македонија и граѓаните, „затоа што тие се незадоволни и сметаат дека Македонија не се движи во правилна насока“.