Мицкоски: Не очекувам пратеници на ВМРО – ДПМНЕ да гласаат за промена на името

260

ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името, изјави за Дојче веле лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски сугерираше дека  сега е моментот пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, со цел Заев да не прави нови отстапки во Договорот со Грција под притисок на Беса.

Мицкоски вели дека за него лично „е неприфатливо таквото пазарџиско однесување, особено не преку медиуми, за така чувствителни прашања“.

– Пандорината кутија во овој процес ја отвори Зоран Заев и препорачувам од него да се бараат одговори за ваквата ситуација, а не од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, Заев од премногу дриблање почнува да си дава и автоголови и да праќа посредници, што само ја покажува неефикасноста на целиот процес и неприродниот и насилен начин на кој сака да дојде до целта – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...