Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Струмица од пред зоната Сарачево изјави дека власта не го исполнила ветувањето за изградба на 16 фабрики и вработување на 2.500 жители.
– Како што можете да видете, оваа зона е празна, ниту една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат, на политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат – рече Мицкоски.