Мицкоски: Нема раскол во ВМРО-ДПМНЕ

Не само што нема раскол, туку ВМРО-ДПМНЕ е единствено, продолжува во периодот кој следува да ги презентира своите политики и навистина морам да ги разочарам сите оние луѓе кои што се загрижени за состојбата во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

1039

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат. ВМРО-ДПМНЕ е единствено, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

– Не само што нема раскол, туку ВМРО-ДПМНЕ е единствено, продолжува во периодот кој следува да ги презентира своите политики и навистина морам да ги разочарам сите оние луѓе кои што се загрижени за состојбата во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја ценам нивната загриженост, но нема потреба да бидат. Јас сум човек кој што секогаш е отворен за различни мисења, така што секој оној кој што ќе аргументира пред мене различно мислење јас тоа го прифаќам, станува дел од моето секојдневие и на тој начин човек може д абиде само поквалитетен. Од секоја порака човек може да научи доколку таа е аргументирана и се темели на факти, но секако доколку знам дека е плод на шпекулации, полувистини или невистини, се обидувам тие да ги квалификувам во зоната на слабостите- рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...