Мицкоски нема предрасуди Албанец да биде претседател на Собранието

8051

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека нема предрасуди Албанец да биде избран на висока државна функција.

– Апсолутно немам предрасуди ниту пак некој би требало да се разочара. Ние треба да ја убедиме јаноста дека решенија кои ќе бидат предложени ќе бидат решенија кои ќе гарантираат нова политика бидејќи Македонија нема време за губење. Ќе ја искористам можноста да кажам и дека ќе предложиме фузионирање и кратење на определени министерства или пак, нивно раздвојување. Се надевам тоа ќе биде дел од преговорите со нашите идни коалициони партнери и ако биде прифатливо за нив, тоа ќе биде дел од коалициониот договор – рече Мискоски одговарајќи на прашање дали ќе има проблем во случај да формира влада, функционер Албанец да биде на чело на некое клучно министерство или евентуално претседател на Собранието.

Мицкоски рече дека за функционерите најважно ќе му биде тој човек да биде експерт и да ги исполнува критериумите за чесност и да нема криминал и корупција, а ако се направи грешка да има одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...