Мицкоски: Нема да објавуваме снимки, ама ќе доставиме докази до МВР

За поништувањето на лустрацијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени во интервју за МРТ дека „внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите“

4816

Немојте да очекувате од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции да емитува снимени разговори. Но, сето она кое го поседуваме ќе го доставиме до МВР, до органите на прогонот каде што ќе има доверба, па тие натаму нека си процесуираат“, истакна лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за МРТ.

-Бојан Јовановски вели „погледнете ги снимките од надзорот во мојата куќа и ќе ви стане јасно каде завршила ташната“. Дали од тој ден до денес сте слушнале некој да се позанимава со таа тема? И ние зборуваме се бореле тие против режим. Каков режим? Па поголем режим од ова нема. Имате пример на спрега помеѓу власт, обвинителство, судство-молк.  Никој денеска не го поставува прашањето дали Рускоска ги прегледала снимките и дали навистина таму е одговорот каде завршила ташната „Луј Витон“. Зошто никој тоа не го прегледал? Има индиции, во јавноста излегоа написи дека некој од владата го предупредил Бојан Јовановски дека бизнисменот Јордан Камчев пријавил за случајот. Кој е тој од владата, го прашал ли некој Јовановски кој го предупредил-праша Мицкоски.

За поништувањето на лустрацијата, тој оцени дека „внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите“. Според него новото законско решение е лошо, бидејќи токму тие го злоупотребиле системот за да напредуваат во кариери, а врз основа на тоа невини луѓе биле казнувани само поради тоа што ја сакале државата.

-Денеска ги амнестираме кодошите кои го злоупотребиле системот да напредуваат, не за квалитет туку затоа што биле добри поданици. Тоа говори доволно за карактерот на овие луѓе. Ќе се амнестираат кодошите кои граделе кариера врз тоа што кодошеа затоа што сме си ја сакале државата на крајот на денот, и голем број на невини жртви биле таму – рече Мицкоски.

Тој додаде дека наместо да се зборува за рехабилитација на Ченто и Шатев денеска власта ги рехабилитира кодошите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...