Знае ли некој каде е во моментов Катица Јанева? Или тоа власта ќе го чува како некоја мистерија додека не смислат некој подобар план, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во денешното интервју за порталот Република.
– Нема да има ништо се додека се чуваат заштитени вистинските закрилници на овој рекет. Се додека Кики ни кажува дека не е Кики, а Фрики молчи, се додека Заев се прави нем за неговите партиски соработници кои така молчејќи го прават и него соочесник и главен покровител на овој срамен криминал, криминалот ќе цвета. Треба да знаат дека нема правда без одговорнст, а одговорноста ќе ја побараме ние кога ќе се избориме за смена на власта – вели Мицкоски.