Мицкоски нема да биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

401

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на уставните измени истакна дека партијата останува на својот став согласно конгресната резолуција и не очекува други опозициски пратениците покрај осумтемина од независната група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени на финалното гласање.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што ја следат конгресната резолуција и партиската програма, практично ги следат одлуките на Извршниот и на Централниот комитет и тука не треба да има дилема и јас верувам во нивната чесност во целокупниот овој процес – рече Мицкоски.

Нема да се кандидира на претседателските избори како кандидат на ВМРО-ДМНЕ и коалицијата. Нагласи дека има одговорност пред партијата, нејзините членови и симпатизери да победи на следните парламентарни избори.

Кандидатот што ќе го поддржат ќе го изберат на огласот, што ќе го распишат веднаш по Новогодишните празници, на кој може да се јави секој заинтересиран граѓанин кој ги исполнува законските услови со поднесување своја програма и визија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...